САЈБЕР ШТО???

Објавено на април 15, 2010
Објавено во СТАРТ | Остави коментар


Сите го знаеме вицот со студентите на економски и електро.

За оние што сепак не го знаат:

„Иде истражување за „сајбер секс“ на факултетите.

Ги прашале оние од економски што е тоа сајбер секс – одговориле каков секс???

А кога ги прашале оние од електро овие одговориле САЈБЕР ШТО???“

Следејќи ги збиднувањата кај нас по традиционалните медиуми како пишани така и печатени, а богами и по телевизиите се повеќе добивам чувство дека во државава сите сме економисти или можеби, па и онаа поведрата страна на гледањето дека сите сме мадерфакери – зналци.

За интернетот се зборува и се дебатира како за нешто кое е новина, па кои се последиците, па дали и колку младите го користат, дали е неопходен, па импактот на школството и безбројни дилеми кои се уште ги мачат македонските учени недоучени себенаречени новинари, кои пустите зашто шефот им кажал,ете мораат и таа тема да ја обработат.

И упорно целото општество како да останува глуво и слепо пред фактот дека интернетот е меѓу нас, за него веќе не се дебатира ДАЛИ, туку КАКО, не се дебатира Колку, туку Како уште.

Ситуацијата во македонските фирми се чини уште потажна (или во нашата реалност посреќна):

  • интернет трговијата е на најниско можно ниво, причините се бројни – резултатите поразителни, (дел од фактите без изнесени на обуката Интернет трговија – предности и можности , или ако некој има потреба од презентациите, но ајде да се надеваме годинава дека ќе земе некаква каква таква динамика.
  • Интернет маркетингот е сведен на спамирање на безврска одбрана публика од база на податоци случајно избрана

До ден денес се чудам од кај им беше мојата адреса за спамов 🙂

  • Грижата за корисниците е хммм… треба ли коментар. Се уште вистинска реткост се фирмите кои имаат некаков профил на некоја од социјалните мрежи или контакт со корисниците (чест на неколку исклучоци, чие што менаџирање ќе коментирам во некоја друга прилика).
  • Ретко скоро и да не постојат фирми кои се грижат за својот имиџ како помеѓу нивните корисници така и пошироко, а камоли на интернет (тоа ионака се дечишта што немаат што да праат па „висат“ на комјутер).
  • Повеќето од нив имаат СМЕШНИ статични интернет страници, ретко интерактивни под мотото „колку да се има“.

И покрај тоа што сме земја со прилично добра пенетрација на интернетот, се повеќе луѓе стануваат свесни за постоењето и можностите и лимитите, се уште сме многу назад и треба да ги отвориме очите и ушите кон оние кои имаат знаење и сакаат тоа да го споделат со останатите.

Нема веќе дилема дали е добар или лош, позитивен или дали треба или не, тој е меѓу нас и е реалност, ајде да зборуваме како да го искористиме и тоа да ја подобри нашата благосостојба.

Тоа ќе значи носење на правна регулатива, етички кодекси на однесување, тоа ќе значи отворарање на фирмите за овие типови на комуникација, тоа ќе значи промена во школскиот систем, можеби некаде и коренити промени, но на крајот ќе значи подобро утре за сите.

Преку глава ми е да живеам во јебачко општество.

Comments

Leave a Reply




  • За блогот

    Маркетинг, ICT, касно станување, јадење во кревет, Apple rulz… Слободно пиши на: cvetko_c@yahoo.com